Во Бјалисток на североистокот на Полска почна евакуација на 10.000 луѓе поради бомба тешка половина тон од Втора светска војна.
Бомбата е откриена за време на градежни работи на една улица.
– Бомбата е обезбедена и покај неа стражарат припадниците на надлежните служби. Моментално нема опасност по граѓаните, но може да се појави во моментот кога ќе се вади – вели градоначалникот на Бјалисток, Тадеуш Турсколаски.
Градот во договор со полицијата одлучи да затвори 60 улици во пречник од 1,3 километри околу бомбата, а домовите мораа да ги напуштат околу 10.000 лица додека специјалците не ја извадат бомбата и ја однесат на воен полигон за безбедно да ја детонираат.