fbpx

Во пет пункта две години нема ниту едно амбулантно возило

-

Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија е служба која функционира во рамки на здравствените домови, а буџетот им се префрла од Фондот за здравствено осигурување, зависно од медицинските екипи. За една медицинска екипа, годишниот буџет достигнува вредност од 170.000 денари, што се користи за бруто плати на медицинската екипа – лекар, медицинска сестри и возач на амбулантното возило, како и за одржување на објектите што се користат, амбулантните возила, медицинските средства и нафтени деривати, пишува „Порталб.мк

Од 2016, амбулантни возила нема во пунктот во Ченто, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец и во Скопско Чучер Сандево, а покривањето и давањето на здравствени услуги се обезбедува од другите пунктови на ИМП.

За да се има јасна слика како функционира службата на ИМП во рамки на еден здравствен дом, во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мемедовиќ дадено за „Порталб.мк“.

Како се дели буџетот за ИМП и колку изнесува за една година?

– Зависно од бројот на екипите (лекар, медицинска сестра и возач) се утврдува и буџетот на ИМП. За една е екипа се доделуваат 170.000 денари (односно за нивната бруто плата и сите други трошоци).

Кој  ги префрлува средствата за предвидениот буџет?

– Средствата се префрлуваат од Фондот за здравствено осигурување.

За каква цел се користат буџетските  средства?

– Што се однесува до искористувањето и употребата на средствата, најмногу средства се делат за бруто-платите на вработените, за надоместоци, медицински материјали и медицински средства, поправка и одржување на објектите, осигурување, регистрањција, сервисирање на возила, за нафтени деривати и нафта и специјализирање на вработените на ИМП.

Колку средства се наменуваат за амбулантните возила на ИМП – Скопје?

– Околу 4 милиони денари се наменуваат за одржување, сервисирање на возилата и за нафтени деривати и нафта.

Колку амбулантни возила се на располагање за ИМП-Скопје?

– Во овој момент ИМП на располагање има осум возила, две од кои служат за транспорт на пациенти. Но, овде треба да истакнеме дека станува збор за возила кои се максимално искористени, кои се со над 250.000 изминати километри.

По колку возила има секој пункт на ИМП-Скопје?

– Што се однесува до распределбата на амбулантните возила на ИМП-Скопје, се трудиме да обезбедиме здравствени услуги за сите кои имаат потреба од итна медицинска помош. Генерално, во пунктовите на ИМП – во базата на ИМП – пунктот Карпош има три возила, во пунктот Јане Сандански и Чаир по две возила. Од 2016-та, амбулантни возила нема во пунктовите Ченто, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец и во Чучер Сандево, а покривањето и давањето на здравствени услуги се обезбедуваат од страна на другите пунктови на ИМП.

Колку пати годишно се сервисираат амбулантните возила на ИМП-Скопје?

– Имајќи ги предвид изминатата километража на амбулантните возила и моменталната потреба за поправка на настанатите дефекти, зависи и сервисирањето.

Во текот на 2017 и 2018, дали имало случај на расипување на амбулантни возила во тек на интервенција?

– Не. ЈЗУ Здравствен Дом Скопје навремено ги санира евентуалните проблеми кои настануваат или би можело да настанат во текот на користењето на возилата и доколку се случи возилото да се расипе во тек на интервенција, тоа се отстранува од употреба и во што пократок рок се интервенира.

Во моментов во Македонија служба за итна медицинска помош има во 33 градови: во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Охрид, Кичево, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Делчево и Македонска Каменица, Струга, Дебар, Крива Паланка, Неготино, Свети Николе, Виница, Пробиштип, Ресен, Берово, Кратово, Крушево, Валандово, Македонски Брод, Пехчево, Липково, Демир Хисар, Вевчани и во Ростуше.

Со цел да се зајакне службата за Брза помош, министерот за здравство, Венко Филипче најави набавка на 12 амбулантни возила, при што шест од нив се распределени во Скопје по критериум што не постои, а 6 други возила во други градови. Возилата се уште не се користат, додека во оваа служба беа најавени 100 вработувања во текот на 2019.

Медицинската помош во Македонија функционира со стари и амортизирани возила, а нивниот број не кореспондира со бројот на жители во одредени градови. Имало и случаи во нив да имаме и губење на човечки животи. Со цел да се избегнат овие ситуации, Министерството за здравство вети замена на амбулантните возила врз основа на километражата, со што не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи тие бараат замена на возилата според поминати километри во градовите надвор од Скопје, а во Скопје тоа да се направи врз основа на искористеноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...