fbpx

Во општина Лозово прогласена епидемија на туларемија

-

Здравствените власти денеска прогласија епидемија на болеста туларемија во општина Лозово, каде бројот на заболени достигна 11 лица, пренесува „Телма“.

Новозаболени лица од туларемија се регистрирани и во Грушино и во Арачиново, кои се водат како второ жариште на болеста, а туларемија била дијагностицирана и кај жител на кумановското село Опае.

Вкупниот број на заболени, со новите случаи од вчера до денеска, изнесува 19 лица.

Комисијата за заразни болести, како што пренесува „Телма“, денеска на општините им наложила да ги исчистат објектите за снабдување со вода и санитарните јазли околу нив. Во Каратманово наредните 10 дена водата ќе се хлорира со специјални таблети.

Исто така, формирано е и координативно тело, составено од членови на Комисијата за заразни болести, чија задача е секојдневно да ја следи состојбата и да проверува дали мерките се спроведуваат на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...