Во Општина Чаир утре почнува владиниот карван „Твојот глас“


       
Скопје, 31 август, 2018 - 15:26 (META) 

Со Отворен ден во Општина Чаир утре од 13 до 18 часот, на кој граѓаните ќе може да дискутираат со вицепремиерот Бујар Османи, почнува владиниот карван разговори со граѓаните „Твојот глас“.

Во рамките на овие настани, граѓаните ќе може да разговараат со министри, заменик- министри, државни секретари и пратеници, и да предлагаат идеи и да кажуваат забелешки за работата на Владата.