fbpx

Во Охрид се одржува конференција за сузбивање компјутерски криминал

-

Со учество на повеќе од 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал, претставници од финансиските институции и даватели на услуги, од денеска во Охрид се одржува Конференција за сузбивање на компјутерски криминал (iProceeds.)

Целта е да се договорат конкретни чекори што треба да се преземат за посилна јавно-приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и за конфискација на приносите од криминалот што се извршува преку интернет, во рамките на конференцијата за Југоисточна Европа и за Турција.

Конференцијата, покрај другото, ќе ги третира темите кои се однесуват на  учеството на носителите на одлуки и на проектните тимови во активностите на проектот „iProceeds“, а ќе биде претставен нацрт-извештајот за состојбата и за мерките против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување перење пари преку интернет во областите, односно земјите каде што се имплементира проектот.

Учествуваат високи претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Турција и од Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...