Во Охрид фестивал на виното и сирењето


       
Охрид, 10 август, 2018 - 9:40 (META) 

Во Охрид денеска и утре ќе се одржи фестивал на виното и сирењето. На малиот плоштад Крушевска Република од 17 часот туристите и локалното население ќе може да ги разгледа штандовите на производителите на вино и сирење, а свеченото отворање на овој настан, организиран од Општина Охрид, е предвидено за 21 часот.

Само 15 минути подоцна ќе почне презентацијата и дегустацијата на производи, а за музичката програма сè до полноќ е задолжен ансамбл „Билјана Јуниор“.

Фестивалот на виното и сирењето продолжува следниот ден, сабота, со почеток во 17 часот. Сè до 21 часот настанот ќе има комерцијален карактер, а потоа ќе почне презентацијата и дегустацијата, како и музичкиот дел, во  кој гостите до полноќ ќе ги го слушаат оркестарот „Климе Садило“.