fbpx

Во новата учебна година со корегирани 22 учебници

-

За учебната 2018/2019 Министерството за образование и наука низ училиштата ќе достави 22 корегирани учебници, а од оваа учебна година сите учебници што бесплатно им се даваат на учениците ќе бидат достапни и во слободнна продажба, по истата цена по која ги откупува министерството, рече на прес-конференција министерот Арбер Адеми.

Станува збор за учебниците по математика од прво до деветто одделение, учебниците по природни науки од прво до шесто одделение, потоа тие по биологија од седмо до деветто одделение. Корегирани се и учебниците по хемија и по физика за осмо и деветто одделение.

Министерот Адеми појасни и дека сите ученици од прво, второ и трето одделение ќе добиваат нови комплети учебници секоја учебна година.

– Во тек е процесот за изготвување на нови 31 учебник за стручно образование – изјави Адеми и информираше дека од оваа година за првпат се воведува италијанскиот јазик како втор странски јазик во средното образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...