fbpx

Во нападите на арапската коалиција во Јемен убиени 109 цивили, соопшти ОН

-

Во воздушните напади на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен загинале 109 цивили за десет дена, соопшти денеска координаторот на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања, Џејми Мекголдрик, јавуваат светските агенции.

Според него, меѓу жртвите се 54 лица кои биле убиени во воздушните напади на пазар во западната провинција Таиз, како и 14 лица од едно исто семејство убиени во напад на имот во провинцијата Ходеида.

Мекголдрик изјави дека ваквите инциденти покажуваат непочитување кон човечкиот живот и упати критики до сите страни во судирот, вклучително и до коалицијата предводена од Саудиска Арабија, кои како што рече продолжуваат со оваа апсурдна војна.

Арапската коалиција од март 2015 година бомбардира позиции на шиитските бунтовници во Јемен. Коалицијата го поддржува претседателот на Јемен, Абед Рабо Мансур Хади, кој беше принуден да побегне од земјата.

Во граѓанската војна во Јемен досега загинаа речиси 9.000 луѓе, десетици илјади се ранети, а повеќе од три милиони се бегалци. Здравствената и санитарната инфраструктура во земјата е речиси целосно уништена.

Јемен е погоден и од тешка хуманитарна криза, пред се поради недостиг на храна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...