fbpx

Во Минхен прогласена вонредна состојба, сè поголем е бројот на жртви

-

Најмалку шест лица се убиени при пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, а градските власти прогласија вонредна состојба.

Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно пукања имало на уште две други локации во градот.
Полицијата потврди дека шест лица се убиени, а повеќе од 10 се ранети, како и дека се стравува дека тој број ќе се зголеми.

Полицијата се сомнева дека станува збор за терористички напад, но тоа не е потврдено.
Деталите од инцидентот сè уште не се потврдени, освен дека пукотниците почнале пред „Мекдоналдс“, каде вооружен маж трчал низ трговскиот центар и стрелал кон луѓето, по што побегнал во правец на подземната железница.

Акцијата за пронаоѓање на напаѓачите е во тек, а областа околу трговскиот центар е блокирана. Полицијата и понатаму го евакуира трговскиот центар и ги предупреди граѓаните да избегнуваат јавни места.

Полициски извори велат дека според изјавите на сведоците, нападот го направале тројца вооружени мажи, но дека сè уште никој не е уапсен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...