fbpx

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

-

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза.

Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза” каде за истиот период се евидентирани 341 случаи, додека полицијата има поднесено кривични пријави за 24 случаи, пишува „Порталб.мк“.

Полицијата го истражува говорот на омраза со бавно темпо, додека судството не го казнува, со оглед на големиот број пријави кои се поднесени во граѓанската дигитална платформа за пријавување на говор на омраза. Освен тоа, во Македонија, особено за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, според анализата на „Порталб.мк“, говорот на омраза бил многу нагласен, а имало и еклатантни случаи кога некои лица и групи јавно го користеле, но истовремено не бил санкциониран од органите за редот.

Според податоците кои ги обезбедил порталот, во текот на периодот 2014-2018, Кривичниот суд има осудено само две лица со парична глоба, и тоа во 2017 година.

За истиот период, Министерството за внатрешни работи има евидентирано уште 22 други случаи на говор на омраза, но ниту еден од нив нема судски епилог во Кривичниот суд.

Судот ги осудил двете лица според член 181 од Кривичниот законик, кој предвидува парична глоба или затвор до три години за лице кое се потсмева со странска држава или со нејзините највисоки државни претставници.

Дополнителни податоци за говор на омраза може да се најдат и преку интернет платформата „Пријави и спречи говор на омраза”. Граѓаните во оваа веб-платформа пријавиле десет пати повеќе случаи на користење на говор на омраза во споредба со кривичните пријави кои се покренати од страна на полицијата.

Според статистичките податоци кои се објавуваат преку оваа веб-платформа, од 2014 до 2018 година, граѓаните пријавиле 341 случаи на користење на говор на омраза, а во повеќето од нив ваков вид говор се користел врз основа на етничка, политичка и сексуална припадност.

Инаку, овој месец, МВР има поднесено кривични пријави против лица кои користеле говор на омраза и им се заканувале на пратениците кои гласаа за уставните измени, како и против новинарот Миленко Неделковски и актерот Тони Михајловски, и двајцата блиски со поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Неделковски е обвинет за „Загрозување на безбедноста” и „Дистрибуција на расистички и ксенофобични материјали”, додека Михајловски е обвинет заради упатена закана кон новинарот Бранко Тричковски.

Сите граѓани кои се изложени на говор на омраза, случаите може да ги пријават во полиција односно МВР, во Обвинителство, Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Здружението на новинари на Македонија – Совет на Честа, во Советот за етика во медиумите во Македонија (KЕММ), но и во онлајн платформа “www.govornaomraza.mk”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...