fbpx

Во Македонија направена 101. трансплантација на бубрег

-

На Клиниката за урологија во Скопје, денеска беше извршена 101. трансплантација на бубрег од жив донатор. Шеесет и осумгодишна баба даруваше бубрег на 24-годишниот внук.

Сто трансплантации на бубрези се направени на Клиниката за урологија од 22 март 2012 година до 6 февруари годинава. Тоа е еден од најголемите успеси во историјата на Клиниката, а најголем успех во историјата на трансплантологијата на бубрези во Македонија, која датира од 1977 година, кога првпат е извршена трансплантација во таа јавна здравствена установа.

– Стотата трансплантација беше направена минатиот петок. Пациентите се чувстуваат добро. Тоа беше трансплантација од жив донатор, мајка даруваше бубрег на својот син. Не сакам да претерам, ама мислам дека тоа беше речиси идеална транспланатација бидејќи беше преемтивна, односно пациентот што го прими бубрегот уште не беше почнал со дијализа. И двајцата се чувстуваат добро,и за еден-два дена ќе заминат на домашно лекување – вели д-р Сашо Дохчев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...