Во Кривичниот суд завршни зборови на одбраната за „Труст“


       
Скопје, 16 јули, 2018 - 9:44 (META) 

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој осомничени се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, ќе бидат изнесени завршните зборови на одбраната.
Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин.

Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја од фирмите нема имот и со тоа ќе нема можност од нив да се конфискува, конфискацијата да биде насочена кон основачот.

Новина е предлогот на Обвинителството, целосното обвинение кон „Вато ДООЕЛ“ да биде повлечено.
Исто така, Обвинителството посочи дека Сафет Васиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и ќе добие помала казна.

Обвинителството на минатото рочиште, наведе дека според нивните податоци, фирмата „Трансмет“ има имот што може да се конфискува, додека „Силекс Неметали“, нема, со што, според нивното барање, конфискацијата ќе биде насочена кон нивниот основач.