Во Кривичен нови рочишта за „Насилство во центар“ и „Тендери“


       
Скопје, 13 јули, 2018 - 9:53 (META) 

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“ и „Тендери“.

На минатото рочиште за предметот „Насилство во Центар“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица, беа сослушани тројца поранешни советници во општина Центар.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев се води одвоена постапка.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.
Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

На минатото рочиште беа изведувани материјални докази од страна на обвинителите од СЈО.