fbpx

Во Кривичен досега пристигнале 1.985 барања за амнестија, советите ќе работат и за викендот

-

До денеска во Кривичниот суд во Скопје пристигнале 1.985 барања поврзани со Законот за амнестија, соопштија денеска од судот. Оттаму појаснуваат дека дел од барањата може да се однесуваат на исто лице кое е осудено во повеќе предмети.

Кривичните совети од одделот за кривично полнолетни и одделението за организиран криминал и корупција, кои што постапуваат по барањата, работат постојано и сите донесени решенија веднаш се доставуаат до затворските установи, од каде се и пристигнати.

Имено, кривичните совети на судот треба да утврдат дали осудените лица кои поднеле барања ги исполнуваат условите од Законот за амнестија за да добијат помилување.

Поради големиот број на пристигнати барања од судот велат дека кривичните совети ќе работат и за време на викендот за да се запази рокот од 5 дена за одговор, а кој почнува со денот на приемот на барањата.

„Откако ќе биде постапено по сите пристигнати барања, ќе може да излеземе со конкретна бројка на донесени решенија“, велат од судот.

Според проценките на Владата и на Министерството за правда, со Законот околу 670 лица треба да бидат целосно ослободени од издржување на затворска казна, додека на 3.097 ќе им биде намалена казната за 30 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...