fbpx

Во Каталонија пожарникарите ги бранат граѓаните од полицијата

-

Пожарникарите во шпанскиот регион Каталонија застанаа во одбрана на граѓаните од полициските акции, јави „Индепендент“, откако во денешните интервенции и судири беа повредени неколку стотини лица. Со жив штит, пожарникарите ги двојат граѓаните кои протестираат против полициската бруталност од националните сили. Полициската акција се случуваше во текот на денешниот ден поради наредбата на шпанската влада да се спречи гласањето за независност на Каталонија. Притоа полицајците и пожарникарите и директно се судираа, како што се гледа од видеозаписот.

Истовремено, поради големиот број одземен гласачки материјал, каталонската влада објави дека е креирана веб-страница на  блогерската плаформа „Вордпрес“ на која на граѓаните им е овозможено да гласаат на референдумот до полноќ, јави весникот „Ел Мундо“. Пред почетокот на гласањето на референдумот за независност каталонската влада повика избирачите да гласаат во кое било избирачко место што ќе биде отворено.

Весникот „Гардијан“ истовремено објави сведоштво на Хезус Лопез Родригез, 51-годишник кој живее спроти училиштето „Рамон Лул“, каде полицијата претпладнево интервенираше брутално.

– Бевме на улица од 5 часот наутро. Стотици луѓе мирно седевме. Гласачките кутии пристигнаа околу 7.30 часот. Околу 8 часот здогледавме седум полициски комбија. Половина час подоцна полицајците дојдоа со опрема за разбивање демонстрации, со штитови и со шлемови. Ни рекоа дека Каталонскиот врховен суд им наредил да ги одземат гласачките кутии и ни рекоа да се разотидеме. Одговоривме „Не, не, не!“. Потоа околу 20 полицајци се нафрлија на нас. Траеше кратко – околу две минути, но останавме заедно. Потоа командирот им рече да се повлечат. Но, тие стоеја тука околу 15 минути.  Потоа дојдоа осум или девет комбија на националната полиција и ги затворија околните улици. Се туркавме додека не почнаа да апсат. Поочнаа насилнички да извлекуваат луѓе, ние дававме отпор, но полицајците клоцаа и фрлаа луѓе на земја. Дојдоа уште околу 100 полицајци. Кога видоа дека не можат да влезат во објектот, ја прескокнаа оградата и влегоа. Со секири ги искршија вратите на училиштето и влегоа, а излегоа по десет минути со гласачките кутии – вели Родригез.

Откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести, почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето. При полициските интервенции на гласачките места, каде се одржува референдумот за независност на Каталонија, кој шпанската власт го прогласи за нелегален, на улиците на Барселона, вториот најголем град во Шпанија, се слушаа истрели на гумени куршуми и испукување гранати со солзавец. Граѓаните поставуваа метални бариери на улиците, а полицијата со комбија со засилени браници напред ги истуркува.

Хорди Турул, портпарол на движењето за независност на Каталонија, вели дека досега 337 луѓе се повредени во судирите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...