Во Јажинце и Тетово пронајдени 30 килограми марихуана и два пиштола


       
Тетово, 9 март, 2018 - 12:46 (META) 

Во два одвоени претреси вчера во Тетово и во тетовското село Јажинце полицијата пронашла 30 килограми марихуана, малку хашиш и два пиштола.

Во Јажинце претрес е направен во куќата и помошни простории на Е.М. (52), при што се пронајдени 29 пакувања со марихуана со тежина од околу 30 килограми, дигитална вага, еден куршум калибар 7,62 милиметри, две зрна од непознат калибар со ралична големина и мало најлонско ќесе со хашиш.

Во претрес на домот и помошни простории на М.С.(39) во Тетово, пак, биле пронајдени два пиштоли, кои тој ги поседувал без дозвола, како и муниција.

Полицијата ги документира случаите и најавува пријави.