fbpx

Во Грција цути бизнисот на шверцерите со бегалци и со мигранти

-

Грчката полиција уапси турски шверцер на бегалци кој пренесувал луѓе од Турција до грчкиот остров Самос. На Самос вчера и денеска пристигна 71 нов бегалец, додека на другите острови, како Лезбос, Хиос и Кос, последниве неколку дена не е пристигнат ниту еден нов бегалец и мигрант.

На островите сепак останува висок бројот на бегалци и на мигранти кои се заглавени во бегалските кампови по минатогодишниот договор меѓу Турција и ЕУ, според кој сите пристигнати во Грција по март 2016 година треба да бидат вратени назад на турско тло. Според официјалните информации во Грција, на островите има речиси 15.000 бегалци, од кои најмногу на Лезбос – речиси 9.000 луѓе. Вкупно во бегалските кампови и во сместувачките капацитети обезбедени од УНХЦР во цела Грција има 62.313 бегалци и мигранти.

Грчкиот весник „Катимерини“ пренесува дека додека луѓето се заглавени во бегалските кампови низ државата, „цути“ нелегален бизнис со фалсификувани документи, со кои на бегалците им се ветува дека ќе успеат да стигнат од островите до Атина, а потоа и до другите европски држави. Полицијата вчера уапсила 44-годишен Сириец кој пренесувал неколку десетици фалсификувани одобренија за азил и нивни фотокопии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...