fbpx

Во Ѓорче Петров граѓаните попладне ќе ја блокираат улицата Борис Сарафов

-

Родители и граѓани на Ѓорче Петров, кои се засегнати од ризичниот сообраќај на улицата Борис Сарафов, попладнево ќе одржат мирен протест пред влезот на ООУ „Мирче Ацев“ и ќе ја блокираат улицата, барајќи поголема безбедност на децата.

Иницијаторите велат дека по неколкуте неуспешни барања испратени до Советот на Gрад Скопје за воведување соодветна сообраќајна сигнализација, не добиле точна временска рамка за реализација и сакаат надлежните побргу да го решат проблемот.

Протестот ќе се одржи со времетраење од 17.30 часот до 19 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...