fbpx

Во Франција уапсени седум лица кои поготвувале терористички напади

-

Француската полиција во Стразбур и во Марсеј уапси седум лица за време на викендот и спречи, како што рече министерот за внатрешни работи, Бернард Казнев, потенцијален нов терористички напад.

Казнев рече дека шест од седумте уапсени не им биле познати на службите за безбедност. Тој додаде дека со апсењето е спречен „терористички напад кој бил подготвуван многу долго“.

Сепак, тој не откри што требало да биде мета на планираниот напад.

Еден од најстарите и најголемите светски божиќни саеми би требало да се отвори в петок во Стразбур. Саемот привлекува огромен број туристи од Европа и беше мета на неуспешен терористички напад во 2000 година.

Казнев рече дека само во ноември се уапсени 40 лица, во рамките на антитерористичката операција која следуваше по смртоносните напади на Исламска држава во Франција во последните две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...