fbpx

Во февруари ќе пристигне новата верзија на „андроид“

-

Повеќето корисници на уредите „андроид“ уште со нетрпение очекуваат да ја добијат лолипоп-верзијата на оперативниот систем, а веќе на интернет се појавија гласини дека „Гугл“ подготвува нова верзија. Според неименувани извори, а наводно се работи за лица добро упатени во целата ситуација со идната верзија, според кои, новата верзија на оперативниот систем „андроид“, треба да донесе повеќе подобрувања, како и нова палета на бои во интерфејсот „материјал дезајн“.

Засега се зборува дека новата верзија ќе биде многу постабилна, подобро ќе располага со меморијата, а истовремено ќе нуди и подобра автономија на батеријата. Се споменува и поправање на одредени грешки кои создаваат проблеми кај одредени уреди, како, на пример, ненадејно затворање на апликациите, поправка на проблемите поврзани со функцијата „ок гугл“, безжично поврзување, звук и известувања.

Со новата верзија на „андроид“ би требало да се врати и „тивкиот“ режим, кој изостана од сегашната верзија „лилипоп“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...