fbpx

Во Елбасан почна подготовката за заеднички туристички производи на членките на СТЕП

-

Минатата недела на 13 и 14 декември во Елбасан во Албанија се одржа првиот состанок за подготовка на рамка за заеднички туристички производи на членките на мрежата СТЕП (Проект за зајакнување на иновативен туризам) со учесници од Албанија, кои ги претставуваат бизнисот, академските институции, невладини организации, локални и регионални власти и проектниот персонал.

Во работните сесии се дискутираше одредени географски региони со своите можности да бидат дел од потенцијалниот пакет, со посебен акцент на можностите за пакети кои ќе поминуват низ Белеш и неговите езера, во комбинација со градот Елбасан, познатите лиџи (бањи) на Елбасан, историската рута Виа Игнација, потоа туризам ориентиран кон специфични посети, како што се пакетите за посети на познатите пештери, планински туризам во заштитените подрачја од Либражд, како и комбинации на пакети со календар на настани низ целиот регион.

Вториот дел на овие заеднички состаноци треба да се оддржи во Тетово на 20 и 21 декември, со учество на лица од бизнис секторот, невладини организации и институции кои се занимаваат со туризам во Македонија, каде што ќе се идентификува рамката за остатокот од пакетот за делот од Македонија.

Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија.

Проектот е финансиран од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија.

Проект-партнери се Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој „Полог“ и советот на Округот Елбасан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...