fbpx

Во ДИК до денеска се пријавиле 1.519 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

-

До денеска, до 15 часот, во ДИК се пријавиле 1.519 граѓани на Република Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, за да имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори.

Од ДИК информираат дека од 1.519 пријави колку што пристигнале преку електронската апликација, прифатени се 977, одбиени се 47, а 495 се во обработка.

Пријавувањето, кое трае до 11 ноември, може да се врши преку електронската апликација поставена на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...