!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Во бродолом на Медитеранот се удавиле 130 мигранти


       
Триполи, 19 јуни, 2017 - 20:22 (META) 

Речиси 130 мигранти се пронајдени мртви во Медитеранот откако чамецот на кој се наоѓале потонал, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Портпаролот на организацијата, Флавио ди Џакомо, изјави дека мигрантите се пронајдени недалеку од крајбрежјето на Либија, од каде се обиделе да стигнат во Европа.

Според изјавите на четворица преживеани мигранти, тие во четвртокот тргнале од Либија, меѓутоа по неколку часа нивниот чамец потонал.