This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Nov 14 11:14:49 2018 / +0000 GMT

Во бизнисот со јавни набавки вклучени се само 4.800 од 70.000 компании




Од околу 70.000 активни компании во земјава, само 4.800 се вклучени во бизнисот со јавни набавки, кој годишно вреди околу една милијарда евра.

Ова беше истакнато на конференцијата „Јавните набавки во Македонија: искуства и предлози за законски решенија за нивно подобрување“, како завршен настан на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.

- На секој четврти јавен повик објавен од државните институции, има само по еден понудувач. На државните тендери со години учествуваат и ги добиваат исти фирми. Поради ова, неопходна е поголема контрола на целиот процес на јавни набавки, која би требало да му се довери на Бирото за јавни набавки - велат од Центарот за граѓански комуникации, кои го надгледуваат овој процес.

Оттаму сметаат дека проширените надлежности на Бирото за јавни набавки би овозможиле спречување на злоупотребата на јавните пари, но би довело и до санкционирање на случаите кога ќе се констатираат злоупотреби.

Post date: 2017-03-14 17:06:54
Post date GMT: 2017-03-14 16:06:54
Post modified date: 2018-01-09 15:43:33
Post modified date GMT: 2018-01-09 14:43:33

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com