fbpx

Гласач по грешка ставил две ливчиња во една кутија во Аеродром

-

На избирачкото место во детската градинка на улицата Коста Новаковиќ гласањето било прекинато откако на гласач, кому му биле дадени четири гласачки ливчиња, кога ги ставал во гласачките кутии, кај себе имал само три, односно му недостигало ливчето за советничка листа на Аеродром, потврдија од Општинската изборна комисија..

Гласачот бил повозрасен човек, кој две од ливчињата по грешка ги ставил во една кутија, така што немал ливче да стави во последната гласачка кутија. Ова било констатирано и од избирачката комисија, која ја отворила кутијата за да изврши увид и таму пронашла ливче со различна боја.

Во врска со овој настан бил направен и записник. Гласањето на ова гласачко место било прекинато до 10.15 до 10.45 часот, по што продолжило нормално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...