fbpx

Во 11 часот, третa среќа за конститутивната седница

-

Пратениците денеска во 11 часот ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, на која на дневен ред е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседателот на Собранието.

Изминатите два дена, поголемиот дел од дебатата во Собранието беше во знакот на платформата на албанските партии, законот за јазиците и зачувувањето на унитарноста на државата, а најголем дел од пратениците што излегоа на собраниската говорницата беа од ВМРО-ДПМНЕ.

Утрово, пред одржувањето на седницата, двете најголеми партии ги повторија своите ставови преку редовните утрински соопштенија.

Од СДСМ велат дека пратениците кои си зборуваат сами со себе нема да ги спречат промените што доаѓаат.

„Ќе има претседател на Собранието и ќе има нова реформска влада на граѓаните. Ниту Груевски, ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои си зборуваат сами со себе, тоа нема да го спречат“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека патоказот што го презентираше вчера пратеникот Антонијо Милошоски, е добра основа за постигнување консензус за излез од кризата.

„ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ во процесот на преговори и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена. Граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донесе двојазичност и федерализација“, се вели во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...