!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Внук си ја убил бабата во Прилеп


       
Прилеп, 14 април, 2017 - 15:41 (META) 

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во текот на ноќта изврши увид во семејна куќа во Прилеп во која се случи убиство.

Вчеравечер, околу 23 часот, при вршење семејно насилство, 30-годишен маж со умисла ја лишил од живот својата баба, со која живеел. Додека сега починатата спиела во нејзиниот кревет, осомничениот се обидел со перница да ја задуши, но настанало меѓусебно борење. Тогаш тој зел метален боксирач и удирајќи ја повеќе пати во пределот на главата, ѝ нанел тешки телесни повреди. Како последица на повредите, настапила смрт. Жртвата била на возраст од 78 години.

По наредба на јавен обвинител во моментот се врши обдукција на почината старица, а во исто време издадени се и наредби за прибирање траги и доказен материјал од местото на настанот.

По предлог на обвинителот, судијата на претходна постапка на осомничениот со решение му одреди притвор во траење од 30 дена.