fbpx

ВМРО-НП предлага преку амандмани СЈО да стане дел од Уставот

-

ВМРО – Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат дел од Уставот, а со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од партијата на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.

Оттаму бараат сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа иницијатива, како во случајот со донесувањето на Законот за СЈО, практика која се применувала и во други држави и се покажала како многу успешна.

„ВМРО – Народна партија за надминување на овој проблем предлага Собранието на РМ да донесе амандмани што ќе станат составен дел на Уставот на РМ, со кои ќе се потврди уставноста на СЈО и на други придружни институции. Без оваа интервенција, сите правни дејства ќе бидат прогласени за неуставни, затоа што во Уставот јасно стои дека Јавното обвинителство и судовите се единствени и со закон е забрането формирање на други“, стои во соопштението од ВМРО-НП.

Од партијата велат дека ги сметаат за неоправдани, непринципиелни и недолични ултимативните притисоци од „одредени кругови“ врз Уставниот суд за изјаснување околу уставноста на СЈО.

„Поради избрзаниот и недоволно подготвен Закон за специјално јавно обвинителство, кој беше донесен од Собранието на РМ, и неусогласеноста со Уставот на Р.Македонија, се создаде невидена конфузија и забуна во одредени стручни кругови од областа на правото. Во зависност од политичката определба, опозициска или позициска, толкувањата за уставноста на законот се различни. Спротиставеноста на мислењата оди дотаму што човек ќе помисли дека се работи за две држави, со сосема различни уставно-правни поредоци, а не за Р.Македонија“, се наведува во соопштението.

Инаку, едно од клучните барања на „Шарената револуција“ и на опозицискиот СДСМ е Уставниот суд да ја стави на дневен ред иницијативата за уставноста на СЈО, која е доставена до судот пред осум месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...