fbpx

ВМРО-НП: Очекуваме Бугарија да придонесе за побрза интеграција на Македонија во ЕУ

-

ВМРО – Народна партија смета дека вчерашната средба на македонскиот премиер Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов претставува нова можност за унапредување и за развој на добрососедските односи помеѓу двете држави, а со тоа и обновување на заложбите за интеграција на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.

„Очекуваме Бугарија, како земја членка на Европската Унија со најголема искористеност на ЕУ-фондовите, со своето искуство и со поддршката за Република Македонија да придонесе за наша побрза реализација на интегративниот процес како идна земја членка. Со ваквиот развој на настаните се врти нов лист во балканската политика кон целосна европеизација на Балканот. Истовремено, жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ова не го направи многу порано додека ја водеше државата, туку нè оддалечи од европските соседи – Бугарија и Грција. ВМРО-ДПМНЕ за целиот период имаше игнорантскиот однос кон Република Бугарија, не сакајќи да ги продолжи воспоставените практики и да ги искористи можностите што ги нуди Бугарија како земја членка на ЕУ. Таа беше главен кочничар како на добрососедските односи, така и на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и кон НАТО“, велат од партијата.

ВМРО – Народна партија смета дека ваквиот чин е добар пример за нормализирање на добрососедските односи и со другите соседи кои се од круцијално значење за евроатлантскиот пат на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...