fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто крупни капитални инвестиции не беа пуштени во употреба

-

Зоран Заев и Драган Тевдовски се пофалија за реализацијата на капиталните инвестиции за 2017 години, но повторно не одговорија на прашањата, зошто крупните капитални инвестиции беа запрени или не беа пуштени во употреба, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Во соопштението на партијата се вели дека „автопатската делница Демир Капија – Смоквица повеќе од шест месеци е завршена, а граѓаните и туристите немаа можност да ја користат“.

„Автопатските делници Скопје – Штип и Кичево – Охрид беа во прекин на градба повеќе месеци. Македонија во првите три квартали имаше пад на домашниот бруто-производ (БДП) од 0,4 проценти, додека пак бруто-инвестициите се намалија за над 9,5 проценти во третиот квартал од 2017 година. За прв пат во Македонија, во третиот квартал Народна банка регистрираше одлив на странски инвестиции за околу 50 милиони евра“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „малото и средното стопанство во Македонија стагнира и голем број на мали фирми и претпријатија се пред затворање.“

„СДСМ и Заев единствено удрија по џебот на секој граѓанин. Од 1 јануари е зголемена акцизата за нафта за 3,5 денари по литар. Ова е голем економски удар за превозниците, земјоделците, но и секој обичен граѓанин“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...