fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите во спорот со името

-

Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека „Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси.“

„Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават“, се додава во соопштението.

Инаку, од Владата вчера реагираа, укажувајќи на, како што велат оттаму, погрешната интерпретација во воведот на веста на агенцијата за интервјуто со премиерот Заев во која се наведува дека „Македонија предложила четири опции за решавање на децениското недоразбирање со Грција за името“.

Од Владата нагласуваат дека станува збор предлози на медијаторот Метју Нимиц, односно дека тие предлози постојат, како што изјавил премиерот Заев, но тие не се предложени од страна на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...