!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе коалицира со Села, човекот кој Македонците ги множи со нула


       
Скопје, 10 март, 2017 - 9:31 (META) 

„Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е заглавен до гуша, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „последното кое граѓаните можеа да го видат од Зоран Заев е неговата соработка со Зијадин Села, човекот кој македонскиот народ го множи со нула, кој не признава македонски идентитет, кој не ги почитува македонската химна и македонското знаме“.

„Зарем со овој човек Зоран Заев е подготвен да коалицира само за да се добере до власт? Зоран Заев покажува дека не само што е подготвен да прифати тиранска платформа и да води диктирана тиранска влада, туку е подготвен да го моли за потписи и човекот кој отворено кажува дека македонскиот народ не постои“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „само за да дојде до власт и така да се спаси од судските постапки кои се водат против него, Заев е подготвен да ги забошоти скандалите со „Цареви Кули“, „Едно евро за Вицето“, случајот со „Струмица гас“ и редица други криминогени постапки“.

„Ова на Заев му е поважно отколку знамето, името, грбот, химната и јазикот во Македонија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.