fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев докажува дека е инструмент на странски разузнавачки служби

-

Лидерот на СДСМ продолжува да одработува за странски центри, објавувајќи креирани материјали со кои се надева дека без поддршка од граѓаните, без програма, проекти и идеи, ќе дојде на власт, оцени владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во писмена реакција објавена по денешната прес-конференција на Зоран Заев.

„Се разбира, потоа тој е свесен, а очигледно и подготвен, да ги исполни очекувањата на неговите шефови од странство. Човекот кој јавно ѝ соопшти на целата македонска јавност дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по СМС-пораки ги информираше другите партиски лидери дека на власт ќе го донесат пријатели од странство и кој на премиерот најмалку петпати му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби, очекува народот да му верува и да гласа за него на избори“, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Заев јавно говорел дека вработувањата во Струмица се по партиска линија.

„Човекот кој јавно говореше дека сите вработувања во Струмица се партиски и испрати порака до граѓаните дека кога ќе дојде на власт, сите вработени ќе бидат заменети со членови на СДСМ, со цел памет се надева дека ќе го убеди народот да му даде мнозинска поддршка на избори. Со секоја прес-конференција, Зоран Заев само докажува дека е соработник и инструмент на странски разузнавачки служби, како што самиот тврдеше“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...