fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Давос и зошто го крие тоа

-

Во земјата владее целосен мрак за тоа што договорил Зоран Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност? Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

„Десетици луѓе се притворени без основ и врз нив се врши политички терор, само затоа што имаат спротивен политички став од Зоран Заев. Правосудните органи не одлучуваат по закон и се кршат правата на притворените. Слободите и правата на луѓето се загрозени. Владеењето на правото е нарушено, ова го констатираше и Комесарот за човекови права на Советот на Европа. Притворените се жртви на класичен терор и политичка инквизиција во современа Европа во 21 век. Правата на притворените беа прекршени и при нивното апсење, факт кој го констатираше и Народниот правобранител. Факт кој беше игнориран од МВР“, стои во партиското соопштение.

Од партијата велат дека делото според кое се води истрагата е неосновано и неаргументирано, а дека целиот процес е само акт на политички терор, кој мора да запре.

Според ВМРО-ДПМНЕ, притворот како средство за обезбедување присуство се претворило во средство за казна и додаваат дека тоа е спротивно на основните принципи на човековите права, кои ја гарантираат неприкосновеноста на слободата и нејзиното лимитирање само во исклучително законски определени ситуации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...