fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ странските инвеститори бегаа од Македонија

-

Во времето кога СДСМ беше на власт, граѓаните масовно се ограбуваа, а странските инвеститори бегаа од Македонија како што Заев бега од избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

„Затоа СДСМ не може да наброи ниту една инвестиција и не смее да помисли да спомене која било компанија на која ѝ бил побаран поткуп и се откажала од каква било соработка со корумпираните челници на партијата. За разлика од СДСМ и економските експерти од вечерната школа „Вице Заев“, она што го стори ВМРО-ДПМНЕ за да ги привлече странските инвеститори го препознаа сите релевантни институции на меѓународно ниво. Во извештајот „Дуинг бизнис 2016“ на Светска банка, Македонија е рангирана на високото 12. место меѓу 189 земји во светот, на шесто место во Европа и на прво место во регионот на Југоисточна Европа. Ова претставува подобрување од 82 места во однос на 2006 година, кога земјата беше рангирана на 94. место – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека порастот на економијата го движат високите капитални инвестиции од буџетот, како и извозот на компаниите кои се директни странски инвеститори во индустриските зони.

„Како резултат на ваквите владини политики, невработеноста од 38 отсто во време на СДСМ падна на рекордно ниски 24,5 отсто“, пишува во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...