fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со голем народен собир утре во Штип

-

ВМРО-ДПМНЕ утре во Штип, во 13 часот ќе одржи голем народен собир, како дел од карванот на собири што владејачката партија ги организира низ Македонија.

Собирот ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“, која има капацитет од 400 седишта. Според познавачите, објектот може да прими до 5.000 луѓе. Се очекува на собирот да присуствуваат партиски симпатизери, членови на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани од Источна Македонија.

За собирот, според веќе увежбаната парактика, членовите и симпатизерите се повикуваат со СМС-пораки, а на партиските состаноци, секој присутен добил обврска да донесе што повеќе лица.

Намерата, како што им е кажано, е „колку во салата, двојно повеќе надвор од салата“, според сценариото за собирот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

На собирот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се обратат лидерот на партијата, Никола Груевски, и други истакнати членови на партијата.

Ова е продолжение на минатонеделните собири што се одржаа во Скопје и во Битола, исто така во големи спортски сали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...