fbpx

ВМРО-ДПМНE во Македонски Брод и во Кичево, СДСМ во Скопје, ДПА во Добридол

-

Политичките партии денеска влегуваат во шестиот ден на изборна кампања, која треба да заврши на полноќ на 9 декември. Предвремените парламентрни избори се закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе имаат митинг во Македонски Брод во 17.30 часот, а централниот митинг ќе го одржат во Кичево во 20 часот.

Караванот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе биде во Скопје. Попладневниот митинг во 17.30 часот ќе го одржат во Ѓорче Петров, а во 19 часот митинг ќе имаат во Карпош. Носителката на листата за петата изборна единица, Радмила Шекеринска, претпладне ќе има средби со граѓани во Охрид.

ДПА денеска ќе има митинг во Слатино, Теарце, во 18.30 часот, а во 20 часот во Добридол.

Митинг на Коалицијата за промени и правда во Драчево е закажан за 13 часот, а Слободан Богоевски, носител на кандидатската листа на оваа коалиција во четвртата изборна единица, ќе има прес-конференција во Струмица во 12 часот.

Алијанса за Албанците денеска ќе биде во Липково во 18 часот и во Арачиново во 20 часот.

Коалицијата ВМРО за Македонија‘ ќе одржи средба со граѓани во Штип во 19 часот, на која ќе присуствуваат претседателот на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски, претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...