fbpx

ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот ќе протестира пред Министерството за правда

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот повторно ќе протестира пред Министерството за правда, а од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош.

Од партијата велат дека судството е киднапирано и не одлучува според законите и Уставот, туку по диктат на власта.

„Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата. Неосновано е обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело. Хунтата го знае тоа, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...