fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Внесување знаме на туѓа држава во кабинет на спикер е срамен чин

-

„Уценетиот криминалец Зоран Заев го газеше македонскиот Устав и ги прогласуваше македонските граѓани за терористи за да обезбеди поддршка и за да го внесе знамето на Република Албанија во кабинетот кој треба да му припадне на претседателот на Собранието“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „уценетиот криминалец“ Зоран Заев го навредувал македонскиот народ дека му е валкан образот за да обезбеди поддршка да се пее албанската химна од собраниската говорница.

„Внесувањето на знамето на туѓа држава во кабинетот кој треба да му припадне на претседателот на Собранието е срамен и недостоен чин, но уште посрамен и понедостоен е молкот на уценетиот криминалец Заев кој не смее да му каже на Талат Џафери дека доколку не го отстрани знамето, СДС ќе побара негова смена“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ од гнев нарачува прогон на недолжни луѓе.

„Единствен грев на овие граѓани е тоа што си ја бранеа државата и националните интереси и се противеа на реализирањето на тиранската платформа. СДС треба кривично, морално и политички да одговара, а најважно да одговара и пред судот на народот од кој упорно бега“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...