ВМРО-ДПМНЕ: Владата имаше доволно време да ги ревидира проектите, ако имало потреба


       
Скопје, 31 јули, 2018 - 13:30 (META) 

За катастрофалната реализација на капиталните инвестиции од 16,65 проценти мора да има одговорност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Од таму додаваат дека „оправдувањата дека проектите наводно не чинеле се банални и смешни, бидејќи владата на СДСМ ја има власта повеќе од една година и имаше доволно време да ги ревидира, доколку навистина била потребна корекција.“

„Растот на индустриското производство е уште еден доказ за добрите економски политики на ВМРО-ДПМНЕ и ефектите од креирањето бизнис клима во која што странските инвеститори би биле мотивирани да работат во ТИРЗ. Обидот на Кочо Анѓушев да ја покрие неспособноста на владата со растот на индустриското производство во ТИРЗ е уште една манипулација на СДСМ“, се додава во соопштението.