fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на Марин се голема лага и евтин популизам

-

„Златко Марин и СДС манипулираат со граѓаните на Аеродром. СДС веќе шест месеци откако е на власт не направи ништо за заштита на животната средина во општина Аеродром, а најавуваното од Марин е само евтин популизам и голема лага“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на најавите на Општина Аеродром дека ќе го зголеми буџетот за животна средина за 20 пати.

„СДС и Марин ги манипулираат граѓаните. Средствата што Општина Аеродром под водство на Марин ги одвојува за заштита на животната средина не се ни одблизу колку што ВМРО-ДПМНЕ има одвоено во изминатиов период додека ја раководеше општината. Имено, ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период во општина Аеродром има преземено бројни мерки за заштита на животната средина, при што има направено повеќе од 10 паркови со околу 150.000 квадратни метри зелени површини и повеќе од 50.000 дрвни садници“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...