fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна измислица е дека Владата му го плаќа телефонот на Груевски

-

Веста дека владата го плаќа телефонот на претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки, реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение попладнево, откако на денешното седмо продолжение на Конститутивната седница на Собранието независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски покажа фотографија на кој се гледа телефонска сметка на Груевски. Тој праша дали телефонот на Груевски го плаќа владата?

„Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, криминалецот Зоран Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...