fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со централен митинг во Скопје, СДСМ во Свети Николе и во Велес

-

На седмиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе имаат централен митинг во Скопје, со почеток од 19 часот.

Карванот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија, пак, денеска ќе бидат во Свети Николе во 17.30 часот и во Велес во 19 часот.

Носителот на кандидатската листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во втората изборна единица, Ејуп Алими, во 12 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје, а кандидатите за пратеници од шестата изборна единица ќе имаат прес-конференција на Попова Шапка во 13 часот.

Демократската партија на Албанците (ДПА) во 18.30 ќе одржи митинг во Чегране, Боговиње.

Претседателот на Либерално¬демократската партија ќе има прес-конференција во просториите на партијата во 11.30 часот.

Коалиција за промени и правда ќе одржи митинг во Сопиште во 17 часот, каде носителот на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица, Павле Трајанов, ќе се обрати пред присутните.

Алијанса за Албанците ќе има средба со граѓани во Битола, Ресен и во Крушево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...