fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Сите граѓани се еднакви пред законот – Димова да си ја плати казната

-

Пратениците, исто како и граѓаните, мораат да си ги плаќаат казните за сообраќајните прекршоци, соопштија од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на обвинувањата од пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, дека сообраќајната полиција постапувала незаконски и го вознемирувала нејзиното семејство.

„Лидија Димова се заразила со вирусот на аболираниот криминалец Зоран Заев. Заев мисли дека е црпнат од господ за да краде и за незаконски да се богати без да сноси одговорност. Лидија Димова, пак, смета дека сите граѓани може да бидат казнети за сообраќаен прекршок, но таа не смее, затоа што била предложена за пратеник од страна на аболиран криминалец“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека просторот за манипулации на СДСМ се стеснува и оти како што се наближуваат изборите, така се наближува и казната од граѓаните за ваквото деструктивно однесување на СДСМ.

„По изборите ќе мора да врати сè што украл, исто како што и нервозната Лидија Димова ќе мора да ги плати казните за сообраќајните прекршоци што ги направила. Затоа, госпоѓо Димова, платете си ја казната! Вие и аболираниот криминалец Зоран Заев не сте над другите граѓани. Сите граѓани се еднакви пред законот и доколку сте погрешиле, треба да одговарате, вклучително и за сообраќаен прекршок. Времето што сте го потрошиле на прес-конференции, госпоѓо Лидија Димова, сте можеле да го искористите и да отидете до полициската станица и да се однесувате како одговорен и возрасен граѓани на Република Македонија“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...