fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо со проекти се занимава со откривање „топла вода“

-

Петре Шилегов, наместо како „градски шарлатан“, треба да почне да работи како градски татко, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со фотографиите од луксузните кабини од жичницата на Водно што градоначалникот на Скопје денеска ги објави на својот фејсбук-профил.

„Жичницата на Водно е изградена и пуштена во употреба во јуни 2011 година и луксузните кабини се ставени во употреба и презентирани уште пред шест години и тие се достапни за граѓаните кои ќе изразат интерес. Шилегов, наместо со проекти, се занимава со откривање топла вода. Тој треба да престане со неговата политика на манипулации кои нема да ги решат проблемите на скопјани и да почне да работи тоа што е негова обврска. Еден месец по неговиот избор за градоначалник нема ниту една суштинска мерка за почист воздух и нема ниту еден сегмент од неговата стратегија за чистење на воздухот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, реагираа дека луксузните кабини на скопската жичница се „само уште еден во низата докази за степенот на расипништво на централната и на локалната власт што беа предводени од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Додека ја туркаа Македонија и нејзините граѓани кон сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кадри ја задолжуваа државата за луксуз на поединци“, стои во соопштението на владејачкиот СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...