fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги партизираше јавните претпријатија и културните институции

-

Советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ реагираше на отчетот на градоначалникот, Петре Шилегов и на прес-конференција рече дека, „100-те дена поминале во лаги, неработење и партизација на адмнистрација и јавните претпријатија на Град Скопје.“

Таа додаде дека, иако Шилегов ветувал чист воздух, Скопје се уште е најзагаден град во светот.

„Градот Скопје е меѓу првите пет најзагадени градови во светот. Викаа дека имаат студија, а дури сега најавија дека таа ќе се изработува. Нема ни една нова мерка за загадениот воздух, а единствената најава за борба против загадувачи, беше онаа против коледарските огнови, промовирајќи го бројот 193 како нова мерка или како порано 93, на кој се пријавува пожар со децении“, рече Колариќ.

Таа додаде дека нема ништо од најавите за зелено Скопје и додаде дека „СДСМ не ги броела 250.000 засадени дрва од Коце Трајановски, а сега 615 садници и најавените 4.000 на пролет ќе биле голема акција за зазеленување на градот.“

„За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори, вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Груба партизација се врши и во администрацијата со вработување на десетици партиски и „шарени“ активисти. Ги вработи „шарените“ револуцонери Никола Наумовски како шеф на кабинет и Влатко Васиљ како лице за односи со јавност“, додаде таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...