fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска ѝ слугува на фабриката за афери на СДСМ

-

Јагода Шахпаска е најдобар пример за тоа како се уништува професионалниот интегритет на еден доктор, во моментот кога таа одлучила да им слугува на фабриките за афери на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јагода Шахпаска.

„Кога Шахпаска треба да биде портпарол на „клиниката за некрофилија во СДСМ“, единствената клиника што СДСМ ја направиле во здравството и е сместена во нивната централа на Бихаќка, тогаш се истураат грст лаги и чисти измислици со кои СДСМ се надева дека ако ги каже стопати, ќе станат вистина. Не стануваат. Вистина е дека СДСМ со некрофилски тактики, злоупотреба на човечки судбини и со манипулирање со луѓето со здравствени проблеми се обидува да се добере до некој ситен политички поен. СДСМ не се грижи за здравјето на граѓаните, туку само како на грб на нивните здравствени проблеми да поентира политички. Надвор од секоја здрава логика“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека фрустрацијата на опозиционерите од СДСМ им е голема бидејќи не само што немаат дела, туку не им проаѓаат ниту лагите.

„Шахпаска и СДСМ наместо да држат мизерни прес-конференции од нивната „клиника за некрофилија“, треба да одговорат на неколку прашања кои ги интересираат граѓаните. Граѓаните знаат кој што направил во здравството, гледаат кој работи и кој се труди во нивниот интерес, а ги гледаат и во СДСМ како без трошка срам лажат и манипулираат. Затоа 11 години граѓаните на избори се вакцинираат против штетната некрофилска политика на СДСМ“, реагираат од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...