fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Селмани лаже дека сме поврзани со нападот на новинарите

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) дека „лаже и манипулира“ поврзувајќи ја партијата со нападот на новинарската екипа на „А1он“.

„Насер Селмани молчеше и се криеше додека брутално се напаѓаа новинари, а дивите орди на СДСМ и на СОРОС демолираа цели медиуми како радиото ‘Слободна Македонија’. Насер Селмани, исто како и Оливер Спасовски, цела година глумеа лудило без МВР да мрдне со мал прст и да се обиде да ги заштити новинарите на ‘Курир’, ‘Сител’, МТВ и сите оние кои не пишуваат по нарачка на СДСМ и на СОРОС“, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека изјавата на Селмани била „идентична со онаа испратена од штабот на Бихаќка“.

„Почесно ќе беше да се потрудеше да се избори за свое место во пратеничките редови на СДСМ, доколку има капацитет за тоа. ЗНМ и Насер Селмани, наместо здружение за заштита на новинари, прерасна во здружение за заштита на СДСМ и на СОРОС“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.