fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ своевремено во здравството го имплементираше системот „Мој ѓердан“

-

Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), бидејќи Европа не предвидува рангирање за ѓерданите што ги купуваше Владо Димов за своите колешки и за стентовите кои лешинарите од СДСМ ги продаваа на црно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ за состојбата на македонското здравство.

„Според извештајот на ЕХЦИ, системот „Мој термин“ во сите досегашни рангирања е посочен како реформа која се препорачува за имплементација и во други европски земји и токму на имплементирањето на овој национален систем во голема мера се должеше најголемиот напредок на Македонија од 11 места на индексот, кој е најголем напредок за една година во историјата на рангирањето. Во најновиот извештај дури и е наведено дека Србија постигнала напредок токму откако го имплементирала системот изработен по примерот на македонскиот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тоа е релевантно за сите експерти и од сите земји, освен за стручњаците од СДСМ, кои, како што велат, во здравството го имплементираа системот „Мој ѓердан“ .

Од партијата наведуваат дека македонското здравство според Европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016 година е рангирано повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора и др.

„Овие факти се поразителни за СДСМ затоа што оваа партија не сака квалитетно здравство туку корупција и уценување на луѓето за нивните животи. Граѓаните тоа не им го заборавиле на СДСМ. Затоа СДСМ е поразен 10. пат по ред на избори“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...