!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со своето деструктивно однесување предизвика штета на економијата


       
Скопје, 18 април, 2017 - 15:31 (META) 

„Лицемерно е СДС да се прикажува како партија на економски експерти ако се земе предвид дека во време на владеење на оваа партија, земјата достигна историски највисоко ниво на невработеност и највисока стапка на невработеност во Европа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски.

Од партијата велат дека СДСМ со своето „деструктивно однесување“ изминатиот период предизвикал доволно штета и на државата и на граѓаните и на економијата.

– Станува збор за невработеност од дури 38 отсто, која беше последица на криминалната приватизација што ја спроведе СДС и благодарение на која 200.000 семејства останаа без извор на егзистенција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, отвори нови 170.000 работни места и ја намали невработеноста за 15 процентни поени – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека и во екот на политичката криза, странските инвеститори продолжиле да веруваат во економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и отворале нови капацитети или ги прошириле постојните.